СДСМ: Иванов веднаш да го даде мандатот
Програмата на новата влада ја гарантира унитарноста на државата. Ќе бидат дадени и бараните гаранции со што завршуваат сите неразумни изговори за блокирањето на демократските процеси...

Неопходно е веднаш да се одблокираат демократските процеси во Македонија и Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на нова влада на претседателот Зоран Заев, велат од СДСМ.
Таквата блокада ќе кулминира в понеделник кога истекува мандатот на градоначалниците и советите на општините. На тој начин, уште повеќе ќе се усложни ситуацијата во која се наоѓаат граѓаните и Република Македонија. Затоа, потребен е итен и мирен транфер на власта, стои во дописот.
Програмата на новата влада ја гарантира унитарноста на државата. Ќе бидат дадени и бараните гаранции со што завршуваат сите неразумни изговори за блокирањето на демократските процеси, стои во соопштението од СДСМ.
