Гајзенбергер пред промоција
На „Санки“ спортскиот центар во Сочи, вечер ќе биде поделен вториот комплет медали во рамките на санкачките натпревари на Олимписките Зимски Игри во Сочи. На програмата се двете завршни трки во женска конкуренција.
На „Санки“ спортскиот центар во Сочи, вечер ќе биде поделен вториот комплет медали во рамките на санкачките натпревари на Олимписките Зимски Игри во Сочи. На програмата се двете завршни трки во женска конкуренција.
Германката Натали Гајзенбергер е апсолутна фаворитка за освојување на престижната титула. Најдобрата сезонава во Светскиот Куп покажа изразита доминација во двете уводни возења, во коишто единствена ја мина патеката со време под 50 секунди. Гајзенбергер Стекна убедлива предност од 0.766 секунди во однос на бранителката на приматот од Ванкувер 2010, сонародничката Татјана Хифнер и само некој поголем кикс може да ја спречи да ја претвори бронзата од пред четири години во олимписко злато. На половина од натпреварувањето, резултат блиску до оној на Хифнер има Американката Ерин Хамлин, којашто заостанува 0.818 секунди зад Гајзенбергер.
Со надежи дека ќе можат да ги поправат досегашните остварувања, од трофеј се уште не се откажуваат и Русинката Наталија Хорева, Канаѓанките Алекс Гаф и Кимберли Мекре, Русинката Татјана Иванова и Германката Анке Вишњевски, коишто се наоѓаат од четвртото до осмото место. Најголемо разочарување е сребрената од ванкувер, Австријката Нина Рајтмајер, којашто е дури 19-та.
Германската супериорност во санкањето е неспорна, а натпреварувачките од оваа земја беа шампионки на последните четири олимписки игри.
