Две експлозии во центарот на Рим, нема повредени
12.05.2017 12:07
Британски „Иденпендент“ јавува дека експлозијата се случила пред пошта, а локалните медиуми наведуваат дека станува збор за „писмо бомба“.

Две силни експлозии одекнале во центарот на Рим, во кои нема повредени лица. Според досегашните информации, оштетен бил еден автомобил.
Британски „Иденпендент“ јавува дека експлозијата се случила пред пошта, а локалните медиуми наведуваат дека станува збор за „писмо бомба“.
Во близина на експлозиите се наоѓа зградата на ОН.
„Раша тудеј“ наведува дека на местото имало многу чад, и дека полицијата ги затворила околните улици.
