Џафери на средба со амбасадори на земјите членки на ЕУ

12.05.2017 12:09

Џафери претпладнево во законодавниот дом има средба со 16 амбасадори на земјите членки на Европската унија...

Претседателот на Собранието Талат Џафери претпладнево во законодавниот дом има средба со 16 амбасадори на земјите членки на Европската унија.

На средбата, како што е најавено, присуствуваат амбасадорите на Австрија, Бугарија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Грција, Италија, Холандија, Полска, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска и Обединетото Кралство.

За попладне е најавено и средба на претседателот на Џафери со претставници на медиумите на која, како што информира неговиот кабинет, се очекува да бидат разменети мислења за актуелните состојби во државата.