Заев: Очекувам Иванов во уставниот рок да го довери мандатот
Се усогласуваат гаранциите за зачувување на унитарноста на Македонија и тие ќе бидат доставени на транспарентен начин, вели лидерот на СДСМ, Заев. Смета дека за пролонгирање на локалните избори треба договор меѓу сите парламентарни партии.

Очекувам Иванов во уставниот рок од 10 дена да го довери мандатот за нова влада. Се усогласуваат гаранциите за зачувување на унитарноста на Македонија и тие ќе бидат доставени на транспарентен начин, вели лидерот на СДСМ, Заев. Смета дека за пролонгирање на локалните избори треба договор меѓу сите парламентарни партии.
Заев беше на распит во јавното обвинителство за собраниските настани од 27-ми април како оштетен. Смета дека бил извршен обид за убиство.
„Оставам професионалците да го утврдат тоа. Јас го кажувам мојот впечаток со сите детали како тоа беше организирано, како беше осмислено, оркестрирано, делегирано и како во суштина експликацијата на дејствјата се случуваше“, вели Заев.
Шестмина пратеници на ВМРО учествувале директно во организираното отворање на вратите, двајца ги дигнале металните профили, а останатите давале директни патокази како да се оди од прес салата каде што беа пратениците од мнозинството- изјави Заев по распитот во обвинителството.
