ДИК ги повикува граѓаните да направат увид во избирачкиот список
Од ДИК велат дека се работи за редовен јавен повик што е обврска на Комисијата, согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик од 2016-та година.

Државната изборна комисија (ДИК) ги повикува граѓаните да направат увид во избирачкиот список, и доколку е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците.
Од ДИК велат дека се работи за редовен јавен повик што е обврска на Комисијата, согласно измените и дополнувањата на Изборниот законик од 2016-та година.
Државната изборна комисија има обврска на секои шест месеци да ги повикува граѓаните да извршат проверка во избирачкиот список.
Последниот е направен со податоци на граѓаните, заклучно со 1-ви февруари, а проверката може да се изврши на интернет страницата на комисијата или во нејзините подрачни одделенија.
