Кривични пријави против седум лица за собраниските настани

12.05.2017 12:54

За тројца од Скопје и еден од Велес, кривичните се поради основано сомневање за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ а против тројца скопјани за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

СВР Скопје поднесе кривични пријави против седум лица за собраниските настани на 27-ми април. За тројца од Скопје и еден од Велес, кривичните се поради основано сомневање за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ а против  тројца скопјани за „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“.

Во полиција биле повикани уште две лица, но по извршените разговори, тие биле ослободени.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство и натаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните што се случија во Собранието, велат од МВР.