Трет циклус Саеми за вработување
Ова е добра можност работодавците да ја презентираат својата побарувачка, а лицата заинтересирани за вработување, непосредно да се информираат за понудените условите.

На 18-ти мај почнува новиот, трет по ред циклус Саеми за вработување. Ова е добра можност работодавците да ја презентираат својата побарувачка, а лицата заинтересирани за вработување, непосредно да се информираат за понудените условите.
Преку директен контакт со работодавачот, лицето кое бара вработување да види што се бара, колку се бара, колку е тоа платено, односно што нудат работодавачите и какви се работните места. Може да остават свое си-ви на кое се надевам дека во наредниот период ќе биде позитивно одговорено од работодавачите и ќе бидат поканети на интервју и можеби ќе бидат вработени, рече денеска на прес-конференција директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.
Тој упати покана до младите да дојдат на саемите и да видат што се бара за кога ќе се запишуваат во средно училиште или на факултет да изберат образование со кое во иднина ќе имаат можност за вработување кај некоја од компаниите.
На досегашните два циклуса учествувале 734 работодавци, повеќе од 79 илјади посетители, a свои биографии доставиле повеќе од 20 илјади лица.
