Намален бројот на туристи во март

12.05.2017 13:30

Намалување од 3,2 насто има и кај бројот на ноќевањата. Бројот на домашни туристи во однос на март минатата година е намален за 4,3 проценти, а бројот на странски туристи за 3,1 процент.

Бројот на туристи во март бележи намалување за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, објави Заводот за статистика.

Намалување од 3,2 насто има и кај бројот на ноќевањата. Бројот на домашни туристи во однос на март минатата година е намален за 4,3 проценти, а бројот на странски туристи за 3,1 процент.

Ноќевањата на домашните туристи се намалени за 11,6, додека на странските туристи е зголемен за 3,2 проценти.