Курц бара предвремени избори во Австрија
Курц, кој важи за главен кандидат за преземање на местото лидер на Народната партија на Австрија, одржа прес-конференција на која јасно наведе дека смета оти оваа влада не може да работи во корист на граѓаните.

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курc се изјасни за раскинување на коалицијата со Социјал-демократската партија и побара распишување предвремени избори во Австрија.
Курц, кој важи за главен кандидат за преземање на местото лидер на Народната партија на Австрија, одржа прес-конференција на која јасно наведе дека смета оти оваа влада не може да работи во корист на граѓаните.
Курц истакна дека се обидел да делува во областа на интеграцијата на странците, затворањето на Балканската рута, како и дека е познат неговиот став во врска со Турција и оти ќе продолжи да биде верен на својот досегашен стил.
