Од 18-ти мај трет циклус саеми за вработување
Од идната недела стартува третиот по ред циклус саеми за вработување. Потенцијалните работодавачите на едно место ќе ја презентираат понудата на работни места , лицата кои бараат работа да се информираат и да конкурираат за отворените работни места. Досега преку саемите учествувале над 700 компании, а свои биографии доставиле над 20.000 невработени лица.

Од идната недела на едно место работодавачите ќе може да ја презентираат понудата, а невработените директно да се информираат и да конкурираат за нови работни места. Стартува третиот циклус саеми за вработување. Првиот човек на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, апелира- младите да дојдат на саемите, како категорија со највисока стапка на невработеност.
Поповски советува младите да се запишуваат на технички науки, бидејќи поголемиот број огласи се од тие области. Вели дека за да се намали невработеноста, организираат обуки , даваат субвенции, нудат можности за практикантство, сертификати за странски јазици и за ит вештини.
Досега на саемите учествувале над 700 компании. Биографии доставиле над 20.000 невработени лица. Со работно место се стекнале околу 2.500 луѓе.
Дијана Ценевска
