Метео: За викендот сончево и топло, од понеделник дожд
12.05.2017 14:42
Утре на повеќе места дневната температура ќе го надмине 30-от степен.

За време на викендот во Македонија ќе преовладува сончево и потопло време. Утре на повеќе места дневната температура ќе го надмине 30-от степен.
Ќе дува умерен повремено засилен западен ветер во западните делови, на повисоките места и на планините.
Во недела попладне се очекува мала веројатност за слаб локален дожд особено на планинските предели.
Од понеделник следува позначајна промена на временските услови и температури.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
