Отворен ден на универзитетот „Свети Климент Охридски“

12.05.2017 15:31

Универзитетот „Свети Климент Охридски“ преку отворен ден на плоштадот „Магнолија“ ја претстави понудата за следната академдка учебна година пред идните бруцоши. Како резултат на оспореното седмо место на последната ранг листа, пред три дена ректорската управа поднесе барање за екстерна еваулација до Европската асоцијација на универзитети.

Второформираниот универзитет во земјава преку манифестацијата „Отвотен ден“ ги претстави потенцијалите на високонаучната установа пред идните бруцоши. Секоја единица со свој штанд на плоштадот „Магнолија“ со цел идните студенти да можат полесно да се одлучат на која институција ќе ѝ ја доверат својата идна наобразба.

„Доста е интерсно и мислам дека ќе најдам некоја информација која се уште ме држи во дилема на кој факултет да се запишам“, вели една идна бруцошка.

„Ова е одлична прилика да се запознаеме со понудата согласно со нашите можности“, вели нејзина пријателка, идна студентка.

„Добро е што на штендовите има студенти кои веќе учат на тие факултети, можеме да разменеме мислења“, вели еден иден бруцош.

Седмото место од последната ранг листа не одговара на актуелните состојби. Тоа е резултат на некои други активниости, смета ректорот на битолскиот универзитет. Вели дека со својата долгогодишна традиција и наставно научен потенцијал, УКЛО квалитетно ќе одговори на потребите на идните студенти.

„И за нашите студенти треба да биде предизвик дека не е така, затоа што ние како високо научен образовен кадар со нашите акривности докажуваме дека не е така“, вели ректорот Сашо Коруновски.

Незадоволни од местото на ранг листата пред три дена поднесоа и барање за екстерна евалиуација до Европската асоцијација на универзитети. Засега нема одговор од ресорното Министерство, но ректорот вели дека тоа е еден подолг процес кој ќе го детектира посоченото.

„Ова е првиот чин, вториот ќе биде некаде во месец октомври, а финалните проценки за она што се процеси и можности на УКЛО ќе ги имаме по шест месеци потоа“, вели првиот човек на битолскиот универзитет.

Во новата учебна година ќе влезат со модификација на некои студиски програми.

Стевче Митревски