Последен ден за пријавување субвенции за млеко

15.05.2017 10:10

До денеска трае пријавувањето за добивање субвенции за сточарите кои го предале млекото во последните три месеци од минатата година. За еден литар кравјо, овчо и козјо млеко финансиска поддршка изнесува по 3,5 денари.

За млекарите и за живинарите денеска е последниот ден за поднесување барања за субвенции за предаденото млеко и за купени несилки.

Финансиската поддршка  е за откупено овчо, козјо и кравјо млеко и за набавени несилки во живинарските фарми  од октомври до декември 2016 година.

За млекото висината на поддршката е по 3,5 денари за еден литар однесен во лиценцирана млекарници.

Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.

До крајот на денот истекува и рокот за поднесување на барања за финансиска поддршка  и во живинарството за набавени несилки исто така од октомври до декември 2016 година.

За секоја купена несилка ќе се добиваат по 100 денари субвенции.

 

Методија Трајков