Партијата на Меркел победи на изборите во Северна Рајна- Вестфалија

15.05.2017 10:13

Победата во најнаселената германска покраина ја зацврстува позицијата на Меркел во трката за четвртиот мандат на федералните избори во септември.

Демохристијаните на германската канцеларка Ангела Меркел победија на регионалните избори во сојузната покраина Северна Рајна – Вестфалија. Конзервативците добија 33 отсто од гласовите, а Социјалдеморкатите 31,2 проценти.

Победата во најнаселената германска покраина ја зацврстува позицијата на Меркел во трката за четвртиот мандат на федералните избори во септември.

Нејзината партија веќе победи на изборите во уште две покраини Сар и Шлезвиг Холштајн.