Пад на температурата, облачноста ќе се зголемува

15.05.2017 10:16

Утре врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи.

Според синоптичарите од денеска ќе почне период во кој температурата ќе опаѓа, ќе се зголемува облачноста. Од попладневните часови, претежно на запад ќе има повремени врнежи од дожд и ретки грмежи.

Утре врнежите ќе се прошират насекаде, а локално и особено на југот и југоистокот дождот ќе е пороен и со грмежи.

Во среда се очекуваат да наврнат и пообилни количества, а тогаш и ветерот ќе е посилен.

Утринските температури ќе бидат во постојано опаѓање, а дневните од четврток ќе бидат во пораст.