ВМРО-ДПМНЕ: СДС не се грижи за граѓаните

15.05.2017 10:26

Прифатија платформа од туѓа држава, се обидоа незаконски да изберат претседател на Собранието, а сега бараат изговори само да не се одржат локалните избори, кои се редовни и во овој момент неопходни.

СДС секој ден со својата деструктивна и антидржавна политика манипулирајќи го македонскиот народ, покажува дека не се грижи за граѓаните, туку само да дојде на власт по секоја цена, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прифатија платформа од туѓа држава, се обидоа незаконски да изберат претседател на Собранието, а сега бараат изговори само да не се одржат локалните избори, кои се редовни и во овој момент неопходни.

Заев треба да знае дека нивното одржување не е поврзано со формирањето на владата, стои во дописот.

СДС се обидува да го пролонгира одржувањето на локалните избори бидејќи немаат смелост да се соочат со македонскиот народ, по сето она што сторија. Време е СДС да се освести, да собере храброст и да обезбеди датум за одржување на неопходните локални избори заедно со предвремените парламентарни избори, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.