СДСМ: Иванов под итно да го додели мандатот

15.05.2017 10:29

Социјал-демократите порачуваат дека парламентарното мнозинство нема да дозволи парализа на државата. Согласно Уставот, деловникот и законите ќе биде избрана новата реформска влада, а ќе има и законски измени за утврдување на датумот за локалните избори.

Несериозноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов ја оставија Македонија пет месеци без влада, а од денеска граѓаните се оставени и без градоначалници и советници, велат од СДСМ. Доведени се во прашање егзистенциите на вработени во општинските администрации, а граѓаните да не ги добиваат потребните општински услуги.

Ова треба да биде последно предупредување до Ѓорге Иванов кој под итно треба да дејствува и да го додели мандатот за состав на влада на претседателот Зоран Заев, стои во дописот.

Социјал-демократите порачуваат дека парламентарното мнозинство нема да дозволи парализа на државата. Согласно Уставот, деловникот и законите ќе биде избрана новата реформска влада, а ќе има и законски измени за утврдување на датумот за локалните избори.

Нормализацијата на државата и евро-атлантските перспективи се врвен државен интерес и сите имаат законска обврска да ги овозможат и почитуваат демократските процеси што следат, се вели во соопштението од СДСМ.