Продолжуваат протестите на иницијативата „За заедничка Македонија“
15.05.2017 10:34
Од иницијативата велат дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.

Попладне продолжуваат протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Од иницијативата велат дека во земјава треба да се одржат нови парламентарни избори, на кои избирачите ќе имаат можност да се изјаснат за Тиранската платформа.
За оваа иницијатива, Талат Џафери е нелегитимен претседател на Собранието. Претходно тие најавија и граѓанска непослушност.
