Современите држави развиваат социјална економија

15.05.2017 11:00

Социјална економија како начин за решавање на проблемите на социјалните групи. Претставници на стручната јавност велат дека практиката од европските држави во земјава може да заживее преку Закон за социјално претприемништво.

Современите држави се повеќе ја развиваат социјалната економија како начин за решавање на проблемите на социјалните групи. Во Македонија во подготовка е Закон за социјално претприемништво. Неговата цел е да овозможи да се смени пасивниот систем на социјална помош така што корисниците на социјалана помош би биле вработени во социјални претпријатија.

Според универзитеткиот професор Јован Пејковски, претприемачите треба да се поттикнуваат и во социјалната економија. Преку реализацијата на идеите ќе се поттикнува растот на економијата, а преку развојот ќе се отвораат нови работни места.

Со законот за социјалано претприемништво се предвидува да се формираат претпријатија кои ќе даваат услуги од јавен интерес од здравството,  психолошка поддршка,  образование. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека подобрувањето на инклузивноста на пазарот на трудот со отворање на работни места за социјално ранливите групи е пример од европските земји.

Социјалните претпријатија пред сѐ би имале општествена одговорност, наспроти профитот. Околу два милиони социјални претпријатија успешно функционираат  во голем број земји од ЕУ. Транспарентност, солидарност и одговорносто однесување клучни за водењето на овој бизнис.  

 

Дијана Ценевска