Дејвис: Лондон се подготвува за голема кавга со Брисел

15.05.2017 11:02

Како причина за судирот се наведува нелогичноста на форматот и, според него, навредливите тврдења дека европските судови се подобри од британските. Процесот за Брегзит треба да трае две години.

Министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис предупреди дека Лондон и Брисел ќе почнат голема кавга поради форматот за идните преговори за излез на Обединетото Кралство од Европската Унија.

Како причина за судирот се наведува нелогичноста на форматот и, според него, навредливите тврдења дека европските судови се подобри од британските. Процесот за Брегзит треба да трае две години.

Брисел бара уште на почетокот да се постигне договор за правата на граѓаните, за границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, и за финансиите.

„Како да се реши прашањето за границата ако не ја знаеме општата политика за границите, царинската спогодба или договорот за слободна трговија? Како да знаеме дали да се менува царината или не?“, вели Дејвис.

Дејвис инсистира на сеопфатен договор за да се избегне судирот околу ова прашање со Брисел. Најави и дека Британија нема да се согласи Судот на ЕУ да биде надлежен за европските граѓани кои живеат на нејзина територија.