Макрон бира премиер

15.05.2017 11:33

Подоцна ќе оди во посета на Германија каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

Емануел Макрон го стартува првиот работен ден како претседател на Франција со избор на премиер кој е клучен за резултатот на парламентарните избори и спроведувањето на економските реформи.

Подоцна ќе оди во посета на Германија каде што ќе се сретне со канцеларката Ангела Меркел.

На инаугурацијата во Елисејската палата, 39-годишниот поранешен банкар и министер за економија вети дека моќта на Франција нема да се намалува зашто им следи голема ренесанса.