Продолжува сведочењето на пратениците од СДСМ за настаните во Собранието

15.05.2017 11:45

Исказ даде заменик- претседателот на партијата Радмила Шеќеринска.

Во Јавното обвинителството продолжува сведочењето на пратениците од СДСМ за настаните во Собранието од 27-ми април. Исказ даде заменик- претседателот на партијата Радмила Шеќеринска.

Во петокот во Обвинителството во својство на оштетени исказ дадоа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, пратениците Оливер Спасовски, Петре Шилегов и Максим Димитриевски.

Предходно сведочеше и пратеникот на ДУИ, Артан Груби.