Историски триумф на Канаѓанката Хауел

11.02.2014 14:20

Северноамериканките доминираа во првото олимписко финале во дисциплината “слоупстајл“ во слободно скијање, во која Канаѓанките го освоија златниот и бронзениот медал. 19 – годишната Дара Хауел влезе во историјата како прва шампионка во оваа дисциплина, по одличниот финален настап во првата трка, кога со неколку оригинални елементи го освои жирито, кое и додели рекордни 94.2 поени. Сребрениот медал го освои Американката Девин Логан со 85.4 поени, која за нијанса остави подобар впечаток од Ким Ламар, која беше втората Канаѓанка на подиумот, со остварени 85 поени.

Северноамериканките доминираа во првото олимписко финале во дисциплината “слоупстајл“ во слободно скијање, во која Канаѓанките го освоија златниот и бронзениот медал. 19 – годишната Дара Хауел влезе во историјата како прва шампионка во оваа дисциплина, по одличниот финален настап во првата трка, кога со неколку оригинални елементи го освои жирито, кое и додели рекордни 94.2 поени. Сребрениот медал го освои Американката Девин Логан со 85.4 поени, која за нијанса остави подобар впечаток од Ким Ламар, која беше втората Канаѓанка на подиумот, со остварени 85 поени. Колку освојувачите на трофеи беа подобро подготвени од конкуренцијата, сведочи и разликата во поглед на најблиските конкурентки. Адутот на Австралија, Ана Сигал, заостана за 8 поени зад третопласираната, а најдобрата европска натпреварувачка беше Швеѓанката Ема Далстром, со 75.4 поени. 

По серијата падови на дел од фаворитките, третата Канаѓанка Јуки Цубота заврши на шестата позиција, Британката Кети Самерхејс, која во финалето влезе со трет најдобар резултат, на крајот е седма, а разочара и тандемот Американки, Кели Херман и Џули Крас, кои се на 10 – то и на 11 – то место.