Северна Кореја изврши успешен тест на нова балистичка ракета

15.05.2017 11:50

Западот повеќепати ги предупреди да запрат со пробите, но лидерот од Пјонгјанг, Ким Јонг Ун го обвини Вашингтон дека непотребно ги заплашува земјите кои немаат нуклеарни оружја...

Северна Кореја изврши успешно тестирање на нова балистичка ракета со среден или голем дострел со цел да се проверат тактичките и технолошките карактеристиките на новиот тип оружје со капацитет да носи голема нуклеарна боева глава.

Западот повеќепати ги предупреди да запрат со пробите, но лидерот од Пјонгјанг, Ким Јонг Ун го обвини Вашингтон дека непотребно ги заплашува земјите кои немаат нуклеарни оружја, и го потсети дека САД им се на дострел на севернокорејаски напади.