Врховниот суд ги укина решенијата за случајот „Труст“

15.05.2017 12:25

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ќе треба да одлучува по жалбата на Специјалното јавно обвинителство поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор, соопштуваат од Врховен.

Со пресуда на Врховниот суд укинати се решенијата на кривичните совети на Скопска единица и на Апелацискиот суд во врска со случајот „Труст“.

Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 ќе треба да одлучува по жалбата на Специјалното јавно обвинителство поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор, соопштуваат од Врховен.

Оттаму соопштуваат дека причините за ваквата одлука се повредите на законите од пониските судови, кои се содржани во образложението на пресудата на Врховниот суд, која ќе биде објавена на веб страната на судот.