„Еден појас, еден пат“: Светските лидери на форум во Пекинг

15.05.2017 12:35

На дводневниот форум „Еден појас, еден пат“ во Пекинг, Народна Република Кина учествуваат лидери на 29 држави. Средбата е посветена на зголемувањето на соработката во областа на економијата и борбата против тероризмот.

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе ја зголеми поддршката за мегапроектот „Еден појас, еден пат“ за инфраструктурно и економско поврзување на Азија, Европа, Африка и Блискиот Исток.

„Треба да создадеме нови можности за развој и да бараме нов двигател и простор за раст. Треба да ги надополнуваме предностите на другиот и да создадеме ситуација во која сите победуваат“, изјави Си Џинпинг, премиер на Кина.

Вети огромна финансиска инјекција за „Патот на свилата“, коридорот за испорака на производи од истокот. Стратегија  ја покрена во 2013 година со цел создавање инфраструктура и поблиски односи на државите од Евроазија. Покрај економијата, Си повика да се интензивираат и операциите против тероризмот.

„Во свет каде што земјите зависат едни од други, каде што предизвиците се доста чести, ниедна држава не може целосно да зависи само од себе, ниту да решава глобални проблеми“, вели Џинпинг.

Џинпинг нагласи дека иако иницијативата „Еден појас, еден пат“ потекнува од Кина, таа му припаѓа на целиот свет.

 

Маја Филдишев