Во Собранието координација за локалните избори

15.05.2017 13:09

ВМРО-ДПМНЕ не учествува на координацијата, бидејќи како што соопштија, Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието во законска процедура.

Во Собранието координиција кај спикерот Талат Џафери за датумот за локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ не учествува, бидејќи како што соопштија, Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието во законска процедура.

Од ВМРО-ДПМНЕ понудија три датуми како можност за оддржување на локалните избори. Првиот, според нив е 2-ри јули, а во игра се и 17-ти или 24-ти септември, а како краен рок партијата го понуди 15-ти октомври.

СДСМ, пак, во соопштение побара претседателот Ѓорге Иванов итно да го додели мандатот за состав на нова влада зашто од денеска, нагласува партијата, се доведуваат во прашање и егзистенциите на вработените во општинските администрации, сервисите за граѓаните, услугите.

Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува денеска.  Уставниот суд се прогласи за ненадлежен за продолжување на нивниот мандат и топката ја префрли во Парламентот.

Министерството за локална самоуправа апелира до парламентарните политички партии и до сите надлежни институции, пред се до Собранието на Македонија, итно да се најде начин за деблокирање на работата на органите на општините и на Градот Скопје преку законско продолжување на мандатите на градоначалниците и на членовите на советите до одржувањето на локалните избори.

Од Заедницата на единиците за локална самоуправа апелираат што е можно побрзо да се одржи собраниска седница и да се најде решение за непречено функционирање на општините.