Македонија- Кина: Соработка во областа на социјалната сигурност
Вработените од министерство за труд и социјална политика преку семинари и обуки ќе го надоградуваат знаењто со помош на кинеските колеги.
Унапредување на соработката и размена на искуства предвидува меморандумот за соработка во областа на социјалната сигурност меѓу Македонија и Народна Република Кина. Вработените од министерство за труд и социјална политика преку семинари и обуки ќе го надоградуваат знаењто со помош на кинеските колеги.
Со Меморандумот државните службеници од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија и од Министерството за социјална сигурност на НР Кина ќе имаат одлична можност взаемно да си помагаат и соработуваат во областа на трудовото законодавство, креирањето и имплементирањето на политиките за вработување со посебен акцент на вработувањето на младите, трудовата инспекција и социјалната сигурност, како и со акцент на шемата на старосно социјално осигурување со што ќе се обезбеди создавање на подобри услови за живот на граѓаните на двете пријателски земји, истакна министерот Ибрахими.
Заменик-министерот на кинеското Министерство за човечки ресурси и социјална сигурност, Фу Џингуо посочи дека денешниот меморандум е првиот документ за соработка меѓу двете држави во областа на трудот, вработувањето и социјалната сигурност.
Верувам дека соработката во областа на трудот, вработувањето и социјалната сигурност ќе игра значајна улога во билатералните односи меѓу Македонија и Кина и ќе придонесува кон социјалниот развој, рече Џингуо.
