Белгија не дозволува митинг на Ердоган
15.05.2017 13:43
Според градоначалникот на Брисел, Ердоган сака да одржи собир на илјадници луѓе во градот поради „внатрешните прашања на Турција“.

Градските власти во Брисел соопштија дека од безбедносни причини нема да дозволат турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган да одржи митинг во белгискиот главен град.
Според градоначалникот на Брисел, Ердоган сака да одржи собир на илјадници луѓе во градот поради „внатрешните прашања на Турција“.
Ердоган следната недела ќе престојува во Брисел на средбата на 28-те шефови на држави или влади на членките на НАТО, закажана за 25-ти мај.
Минатиот месец, турците во Белгија масовно гласаа за промените во турскиот устав, со кои му се обезбедија поголеми ингеренции за претседателот.
