Бесплатни обуки за претприемништво
Млади лица до 29-годишна возраст од денеска може да конкурираат на огласот за бесплатни обуки за претприемништво што го објави Агенцијата за вработување. Обуките ќе траат до 1-ви декември и со нив е предвидено да бидат опфатени 950 лица. Проектот е поддржан од Европската унија со 300 илјади евра.

Невработените лица до 29 години ќе може да конкурираат за огласот за бесплатни обуки за претприемништво. Од Агенцијата за вработување велат дека се обезбедени обуки за 950 лица. По обуките младите ќе изработат бизнис план за претприемништво со кој ќе може да аплицираат за некои од актуелните мерки за вработување. Обуките ќе траат по 5 дена, сѐ до 1-ви декември, а ќе ги спроведува консултантска компанија. Проектот е поддржан од Европската Унија со 300 илјади евра.
Оваа мерка претходно беше во рамки на самовработувањето со грант, сега се спроведува посебно со цел конкретна едукација и поголем поттик за претприемништвото, велат од Агенцијата за вработување.
Информираат дека за првиот оглас за грант објавен во март годинава од пријавените 1.250, 440 биле лица до 29 години. Досега речиси 40 до 45 отсто од грантовите се доделени на млади лица.
Дијана Ценевска
