Собрание: Предложено локалните избори да бидат во октомври

15.05.2017 14:14

На средбата не присуствуваше претставник од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што соопштија од партијата , Талат Џафери не е избран за претседател на собранието во законска процедура.

Локалните избори да се одржат во првата половина на октомври, а мандатот на советниците и градоначалниците да биде продолжен до одржувањето на изборите, се договориле претставници на парламентарните партии на координацијата кај спикерот Талат Џафери.

На средбата не присуствуваше претставник од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи како што соопштија од партијата , Талат Џафери не е избран за претседател на собранието во законска процедура.

Џафери и претставниците на политичките партии се согласија дека политичкиот дијалог мора да продолжи во собранието и дека сите политички субјекти треба да бидат одговорни пред граѓаните и да придонесат за продолжување на демократските процеси во државава, наведено е во соопштението од собраниската прес- служба.

Од ВМРО-ДПМНЕ деновиве понудија три датуми како можност за одржување на локалните избори. Првиот според нив е 2-ри јули, а во игра се и 17-ти или 24-ти септември, а како краен рок партијата го понуди 15-ти октомври.