Утре во Брисел средба Груевски - Расмусен

11.02.2014 14:22

Средбата доаѓа неколку месеци пред Самитот на Алијансата во Велс, каде се очекува проширувањето да се врати на агендата...

Премиерот  Никола Груевски утре ќе го посети седиштето на НАТО. Ќе се сретне со генералниот секретар Андерс Фог Расмусен и ќе присуствува на Северно-атлантскиот совет на Алијансата  соопштија од седиштето на НАТО. Оттаму потврдија дека претседателот на македонската Влада доаѓа на покана на првиот оперативец на Алијансата.
 
Според официјалното соопштение од НАТО, по средбата Груевски-Расмусен ќе има и заедничка прес-конференција. Средбата доаѓа неколку месеци пред Самитот на Алијансата во Велс, каде се очекува проширувањето да се врати на агендата, при што Македонија е земја што е прва на листата, но не може да и се приклучи на најголемата воено-политичка организација на светот поради блокадите од Грција.

Инаку на 20- ти  февруари  во рамките на својата Балканска турнеја шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос доаѓа во Скопје. Ова е прва посета на грчки фунционер на Македонија по подолго време.
 

Лидија Чакар