Демократите најавуваат блокада на изборот на нов шеф на ФБИ
Шумер наведе дека изборот би бил блокиран се додека администрацијата на Трамп не дозволи именување на Специјален обвинител кој би ги истражил мешањето на Русија...

Лидерот на демократите во американскиот Сенат, Чак Шумер најави дека неговата партија се обидува да го спречи изборот на нов директор на Федералното истражно биро (ФБИ), кој би предложил претседателот Трамп.
Шумер наведе дека изборот би бил блокиран се додека администрацијата на Трамп не дозволи именување на Специјален обвинител кој би ги истражил мешањето на Русија во американските претседателски избори, што се одржаа во ноември минатата година и евентуалните врски меѓу Москва и предизборниот штаб на Трамп.
Заканата на Шумер следи по одлуката на Трамп за смена на досегашниот директор на ФБИ, Џејмс Коми.
