„За заедничка Македонија“ ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд за изборот на Џафери

15.05.2017 14:48

Како што велат од иницијативата - продолжува битката за зачувување на унитарноста на државата.

Од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ ќе поднесат иницијатива пред Уставниот суд за изјаснување по однос на уставноста на изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието. Како што велат - продолжува битката за зачувување на унитарноста на државата.

„Утре во Уставниот суд ќе поднесеме иницијатива за оценување на уставноста на изборот на Талат Џафери. Веруваме дека Уставниот суд чесно и професионално ќе ја заврши својата работа и нема да дозволи преку вакво насилничко и флагрантно не кршење туку дробење на Уставот на РМ да се спроведува тивка окупација врз нашата држава, рушејќи ги темелите на незавиноста на Република Македонија“, изјави Богдан Илиевски.

Тој додава дека нивното движење ги менува и засилува формите на отпор не само преку протести, туку и преку други механизми кои ќе започнат да ги употребуваат.