Северна Кореја тестираше нова балистичка ракета

15.05.2017 14:56

Министерството за одбрана на Јужна Кореја, соопшти дека е потребна верификација, за да се потврдат тврдењата на Северна Кореја тестирањето нова балистичка ракета.

Северна Кореја соопшти дека синоќа извршила успешно тестирање на нова балистичка ракета со „среден до голем дострел“, што може да биде приспособена да носи и „тешка нуклеарна боева глава“. Во сооштението се посочува и дека лансирањето на ракетата било извршено под раководство на лидерот Ким Џонг-Ун. 

Понатаму во соопштението се вели дека тестирањето имало за цел да ги провери тактичките и технолошките карактеристиките на балистичка ракета од нов тип, која е способна да носи голема тешка нуклеарна боева глава.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја, соопшти дека е потребна  верификација, за да се потврдат тврдењата на Северна Кореја тестирањето нова балистичка ракета.

„Властите во јужна кореја и во сад добија информација за висината и за далечината на вчерашното балистичко лансирање ракета. Сепак, сметаме дека е потребна дополнителна анализа за да се верифицира тврдењето на Пјонгјанг дека постигнале технички напреден и безбеден мотор“, изјави Ро Јае-Чеон, шеф на односи за јавност на Јужна Кореја.

За време на тестирањето Ким го обвинил Вашинтон дека ги „заплашува“ земјите кои „немаат нуклеарни оружја“ и предупреди дека САД го потценуваат фактот дека се „на дострел на Севернокорејаски напади“. 

Американската претставничка во ОН изјави дека најновото тестирање балистичка ракета било предизвикано од паранојата на севернокорејскиот лидер, и додаде дека со таквите потези, Северна Кореја само ги намалува своите шанси за директни преговори со САД.

Вашингтон постојано ја предупредува Северна Кореја да ги запре натамошните провокации, споменувајќи и американска воена интервенција како опција поради нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Дипломатите од двете земји со недели говорат дека се можни директни разговори меѓу Трамп и Ким.

Рускиот претседател повика на продолжување на дијалогот со Северна Кореја и изјави дека натамошните нуклеарни проби се неприфатливи.

Марина Автовска