ИРИ: На локалните избори 27% би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 16% за СДСМ, 8% за ДУИ и 7% за БЕСА
44 насто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 процент дека не треба, а 15 насто не знаат.

Мнозинството граѓани на Македонија, односно 61 насто, ќе гласаат на локалните избори. Од испитаниците, 28 насто би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 16 проценти за СДСМ, ДУИ би го поддржале 8 насто, БЕСА 7, Алијансата за Албанците и ДПА по 2 проценти, покажува анкетата на ИРИ.
44 насто од испитаниците сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 процент дека не треба, а 15 насто не знаат.
Доколку има предвремени парламентарни избори, според анкетата, за ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентрани избори би гласале 27 насто од испитаниците, 17 проценти за СДСМ, по 7 за ДУИ и за БЕСА, а по 2 насто за Алијансата на Албанците и за ДПА.
На прашањето, пак, дали претседателот Иванов треба да го даде мандатот за формирање влада на новото парламентарно мнозинство, 58 насто одговориле позитивно, 22 процента се против.
Анкетата на Меѓународниот републикански институт е спроведена врз репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4-ти до 12-ти март годинава.
