Демир Капија во духот на Свети Трифун
Специјалитети, натпревари во кроење лоза, избор за најдобро домашно вино и ракија, се дел од активностите што ги организираат Општина Демир Капија и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот во рамките на Неделата на традицијата. Дваесет учесници ќе презентираат 29 мостри вино и 15 мостри ракија, 25 ќе понудат вкусни специјалитети, а деветмина лозари ќе се натпреваруваат во кроење лоза.

Интересот за учество на натпреварите оваа година е голем не само од Демир Капија, туку и пошироко. Од Туристичкиот едукативен тренинг – центар велат дека оваа манифестација добива регионалнадимензија, а празнувањето на Свети Трифун ќе прерасне во туристичка атракција.
Производителите од Демир Капија воедно ќе бидат и дел од предавањето за можностите за органско производство и нивно сертифицирање.
В петок, на празникот на лозарите, Свети Трифун, на плоштадот во Демир Капија ќе се одржи целодневна културно – уметничка манифестација со презентација на фолклорни игри и танци. Посетителите ќе можат да дегустираат традиционална храна и да си купат рачни изработки и сувенири.
“Неделата на традицијата“ се одржува по четврти пат. Во 2011-та, организаторите ја добија наградата од Министерството за економија за најдобро организиранатуристичка манифестација.
Моника Јовановска