Хилари Клинтон ќе основа сопствено политичко движење

16.05.2017 12:03

Клинтон ќе создаде ново движење наречено „Заедно напред“, што ќе пропагира политичка ангажираност и ќе се спротивставува на активностите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Кандидатката на Демократската партија на ланските претседателски избори во САД Хилари Клинтон ќе создаде ново движење наречено „Заедно напред“, што ќе пропагира политичка ангажираност и ќе се спротивставува на активностите на американскиот претседател Доналд Трамп.

Клинтон потенцира дека политичката ангажираност на граѓаните е од витално значење за демократијата во борбата за отворена и инклузивна Америка.