ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не помисли да бега од локалните избори

16.05.2017 12:50

Според ВМРО-ДПМНЕ одлложувањето на локалните избори внесува општ хаос во општество, нанесува несогледливи штети врз економијата и секојдневното функционирање на граѓаните на локално ниво.

ВМРО-ДПМНЕ предупредува СДС да не помисли да бега од локалните избори како што претходно два пати бегаше од одржувањето на минатогодишните парламентарни избори. Велат- одложувањето на локалните избори ќе значи продлабочување на политичката и правна криза во која СДС ја втурна државата уште пред две и пол години.

Според ВМРО-ДПМНЕ одлложувањето на локалните избори внесува општ хаос во општество, нанесува несогледливи штети врз економијата и секојдневното функционирање на граѓаните на локално ниво.

Од партијата велат, СДС мора да го слушне гласот на граѓаните. Локални избори во најбрз можен рок, парламентарнни избори заедно со локалните, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.