Мандатот за советниците истечен, градоначалниците со технички мандат до 31-ви декември

16.05.2017 13:02

Според два члена од Законот за локална самоуправа, мандатот на градоначалниците трае до завршување на тековната година, односно до 31-ви декември.

Мандатот на советниците е истечен на 24-ти март, поништени се сите одлуки од Инспекторатот за локална самоуправа, стои во соопштението.

Сепак, оттаму појаснуваат дека според два члена од Законот за локална самоуправа, мандатот на градоначалниците трае до завршување на тековната година, односно до 31-ви декември.

Од инспекторатот информираат дека градоначалниците извршуваат техничка функција, но никако не смее да прекине функционирањето на општините, во спротивно ќе се соочат со законски санкции.