Во Женева почнува новиот круг мировни преговори за Сирија

16.05.2017 14:19

Досега беа одржани пет средби под покровителство на ОН, на кои се разговараше за прекин на огнот во Сирија и кои завршија без успех, а аналитичарите прогнозираат минимални шанси за постигнување поголем напредок во оваа шеста рунда.

Во Женева денеска почнува нов круг мировни преговори за Сирија, чија мисија е да се стави крај на шестгодишната граѓанска војна во земјата, во која досега загинаа над 320.000 лица. 

Досега беа одржани пет средби под покровителство на ОН, на кои се разговараше за прекин на огнот во Сирија и кои завршија без успех, а аналитичарите прогнозираат минимални шанси за постигнување поголем напредок во оваа шеста рунда.

Силите на сирискиот претседател Башат Ал Асад ја зајакнаа својата позиција на терен, а бунтовниците се обидуваат да се повратат од ударот по големите загуби во реонот на Дамаск.