Улогата на Глигоров во етаблирање на Македонија

16.05.2017 14:31

Промените во македонското општество налагаат потреба за враќање на принципите според кои се раководеше првиот претседател на Македонија, свртување на земјата кон евроатланските принципи и вредности на западната цивилизација. Научна конференција во МАНУ посветена на 100- годишнината од раѓањето на Киро Глигоров.

Промените во македонското општество ја налагаат потребата за враќање на принципите според кои се раководеше првиот претседател на Македонија, свртување на земјата кон евроатланските принципи, вредностите на западната цивилизација, подобрување на односите со соседите, беше речено на научната конференција во МАНУ, посветена на 100- годишнината од раѓањето на Киро Глигоров.

Академици, професори, негови соработници и пријатели велат- Глигоров одиграл клучна улога во меѓународното етаблирање на Македонија, бил вистински татко на нацијата, почитуван политичар со мудри и реални одлуки во интерес на граѓаните. Тој успеал да ја исполни својата цел, Македонија да се осамостои по демократски пат, без ниту еден испукан куршум.

Во својот 9- годишен мандат како претседател, Глигоров остварил 50 официјални посети на странски земји и учествувал на назначајните меѓунардони собири. Светските државници во него препознале компетентен соговорник, државник и голем политичар, велат соработниците на првиот македонски претседател.

Научната конференција посветена на улогата на Глигоров во меѓународното етаблирање на Македонија беше организирана од Дипломатскиот клуб- Скопје.

 

Викторија Милевска