Вангеловски: Судовите во 2016-та работеле ажурно, детектирани одредени слабости

16.05.2017 14:40

Судовите минатата година работеле ажурно, но се детектирани и одредени слабости, вели првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски. На општа седница разгледани извештаите за работата на судовите.

Судовите во државава работеле ажурно минатата година. Целосно го совладале приливот на новите предмети и го намалиле заостатокот на предмети од претходните години, оцени првиот човек на Врховен, Јово Вангеловски.

Статистиката покажала, вели Вангеловски, дека судовите го намалиле за 10 проценти заостанувањето во решавањето на предметите. Заедно примиле близу 600 илјади предмети, решиле околу 480 илјади, нерешени останале близу 130 илјади.

Поради зголемен прилив на предмети или недостиг на кадар заостануваат во ажурноста Основните судови во Куманово, Кичево, Тетово, Берово, Виница и Неготино, како и најголемиот Граѓански суд во Скопје.

На брифингот со новинарите, Вангеловски посочи дека одлуката на Врховниот суд во врска со притворот на бизнисменот Сеад Кочан е исправна и извршна и мора да се почитува. 

 

Фиљана Кока