МПЦ-ОА апелира на одговорно однесување и почитување на правниот поредок
16.05.2017 14:44
МПЦ-ОА изразува загриженост за состојбите во државата и упати апел до верниците и до сите граѓани за меѓусебно помирување, а до одговорните лица и институциите, апел за почитување на правниот поредок...

Македонската православна црква- Охридска архиеписокопија изразува загриженост за состојбите во државата и упати апел до верниците и до сите граѓани за меѓусебно помирување, а до одговорните лица и институциите, апел за почитување на правниот поредок.
Архиепископскиот управен одбор на МПЦ- Охридска архиепископија ги повикува сите одговорни лица и институции да сторат усилби за почитување на правниот поредок во Република Македонија, согласно Уставот и позитивните закони, се вели во соопштението.
