Јилдирим: Германија да избере меѓу Анкара и пучистите
16.05.2017 15:28
Јилдирим со тоа директно се обрати до германската влада, која според Анкара, им дава поддршка на приврзаниците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим побара од владата во Берлин да избере меѓу сојузништво и добри односи со Анкара и поддршка за „пучистите“ на кои Германија им даде политички азил.
Јилдирим со тоа директно се обрати до германската влада, која според Анкара, им дава поддршка на приврзаниците на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.
Политичкиот азил што Германија им го даде на турски воени лица и дипломати е само еден од инцидентите во турско- германските односи во последниве две години.
