Одложена седницата на Советот на јавни обвинители

16.05.2017 15:44

Советот на јавни обвинители по вторпат ја одложува седницата за распишување оглас за избор на прв човек на Скопското обвинителство, откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска. Седницата, според најавите, ќе се одржи на 25-ти мај. Со избор на нов шеф на Скопското обвинителство, функцијата ќе ја извршува привиот заменик на Гешковска, Јован Цветановски.

Советот на јавни обвинители по вторпат ја одложи седницата за распишување на оглас за избор на шеф на скопското обвинителство, откако истече мандатот на обвинителката Гордана Гешковска. Беше решено седницата да се одржи на 25-ти мај. До изборот на наследникот на Гешковска, функцијата ќе ја извршува нејзиниот прв заменик Јован Цветановски. Во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал,  функцијата вршител на должност  ја извршува Златко Биковски.

Како што истакна претседателот на Советот на Јавни обвинители, Петар Аневски, седницата за избор и на двајца обвинители во Вишото јавно обвинителство се одложува поради тоа што не биле присутни две третини од членовите на Советот за да може полноправно да се решава.

Аневски потврди дека до Собранието испратиле известување според кое Зоран Сулејманов, член на Советот на јавни обвинители ги исполнувал законските услови за старосна пензија.

Аневски со став и за блокираниот оглас  за прием на кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители. Според неговите сознанија, во Основното јавно обвинителство се води истрага за триесетина евентуално фалсификувани исправи за познавање на странски јазици, која според него треба да се реши со меѓународна правна помош.

Додаде дека не сака да прејудицира, има презумпција на невиност сѐ додека не се донесе правосилна судска пресуда.

Игор Панов