Јакнење на капацитетите на институциите за максимално користење на европските фондови

16.05.2017 15:53

Со јакнење на капацитетите на институциите максимално ќе можат да се искористат средствата од фондовите за развој на Европската унија. Преку ИПА 2 програмата на Македонија на располагање и се ставени 660 милиони евра до 2020-та година. Доколку тие не се искористат ќе бидат пренасочени во друга земја. За можностите за искористување на европските пари во Охрид разговараат претставници на 200 граѓански организации, делегацијата на Европската унија во Македонија и Секретаријатот за европски прашања.

Програмите за ИПА 2 фондовите на ЕУ се прават врз научените лекции од првата ИПА, кога поради недоволните капацитети од над 600 милиони евра беа искористени само 40 проценти. Поради тоа во фокусот на собирот во Охрид на кој учество зедоа граѓански организации, претставници на ЕУ и на владата се јакнење на капацитетите на институциите со што ќе се зголемат можностите за подобрување на искористеноста на средствата од фондовите.

„Многу слаба искористеност има во компонентата пет, фактички ИПАРД, рурален развој каде што секоја година имаше повраток на 14-15 милиони евра на годишно ниво, средства кои што се враќаа во буџетот на ЕУ“, изајви Александар КолеќескиЕВРОТИНК.

На средбата се очекува да се посочат реалните потреби на државата, при што ќе им се даде подршка на потенцијалните корисници.

„Како што растат капацитетите на владините институции да ги искористат фондовите, така растат капацитетите на бизнис секторот, граѓанските организации, значи тоа мора заедно да оди. Ние сакаме со нашето учество како граѓански организации да посочиме на тие проблеми, да помогнеме да се олеснат проблемите ама воедно и да ги зајакнеме капацитетите на оние кои би ги искористувале грантовите“, изјави Ана Чолаковиќ- ЛешкоскаЕКОСВЕТ.

На Република Македонија преку ИПА 2 програмата за периодот од 2014-та до 2020-та година од фондовите на ЕУ и се нудат 660 милиони евра. Доколку тие не се искористат ќе бидат пренасочени воземја која има посилен капацитет.

 

Сашо Нелоски