Генерален штрајк во Грција

17.05.2017 10:27

Во Парламентот се води дебата околу Предлог- законот за кој пратениците гласаат утре.

Грција е речиси целосно блокирана поради 24- часовниот генерален штрајк што го организираат синдикатите во знак на протест поради новите мерки за штедење што ги договори грчката Влада со кредиторите како услов за исплата на нова транша од помошта за земјата. 

Во Парламентот се води дебата околу Предлог- законот за кој пратениците гласаат утре.

Атина се согласи да врати долг од 3,6 милијарди евра кои ќе ги обезбеди со намалување на пензиите и давачките во државниот сектор, и со зголемување на даноците.