Се урна aлжирски воен авион, загинати повеќе од сто лица
11.02.2014 15:00
Авионот се урна во планинскиот регион во провинцијата Оум ал- Буаги, соопшти приватната телевизија Енахар...

Повеќе од сто лица загинаа при пад на алжирски воен транспортен авион, кој се урна во североисточниот дел на земјата, пренесуваат медиумите од Алжир.
Авионот се урна во планинскиот регион во провинцијата Оум ал- Буаги, соопшти приватната телевизија Енахар.
Изворите велат дека контаткот со воениот авион се изгубил некаде помеѓу градот Константин, главен град на истоимената провинција и Оум ал- Буаги.
Амбуланти возила веќе се испратени на местото на настанот, а се смета дека повеќето од загинатите се војници.
